вторник, 4. октомври 2022. Вести денес: 63
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Го осудуваме однесувањето на МНР, новинарите мораат да бидат ослободени од секакви закани и притисоци кои ќе влијаат врз нивната работа

ВМРО-ДПМНЕ: Го осудуваме однесувањето на МНР, новинарите мораат да бидат ослободени од секакви закани и притисоци кои ќе влијаат врз нивната работа

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува несоодветното однесување на МНР и обидот за замолкнување на медиумите професионално да си ја вршат својата новинарска работа.

Од партијата велат дека упатените закани за одземање на акредитација се несфатливи и недозволиви за една државна институција.

-Денешното извинување не е доволно. Одговорност мора да има, а ваквите постапки соодветно да се санкционираат за да не се повторуваат во иднина. Поради бруталната партизација со непрофесионални кадри на најгруб начин ги има прекршено сите морални и етички норми. Новинарите мораат да бидат ослободени од секакви закани и притисоци кои ќе влијаат врз нивната работа. Темите кои се од прашање од интерес на јавноста не смеат да бидат вака грубо замолчувани од страна на власта, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од паљртијата апелираат во иднина новинарите непречено да си ја извршуваат својата работа а институциите да се стават во заштита на слободата на изразувањето.

Коронавирус