сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 65
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот врз новинарската екипа во Прилеп од страна на активисти и членови на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот врз новинарската екипа во Прилеп од страна на активисти и членови на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува физичкиот напад врз новинарската екипа, кој се случи во Прилеп од страна на активисти и членови на владејачката СДСМ, велат од партијата.

„Ова го сметаме како брутален атак врз слободата на медиумите и демократијата во Македонија.

Тепањето на новинари и медиумски работници е израз на нервозата и очајот поради поразот кој следува. Апелираме до СДСМ да не го губи разумот во овие последни часови од нивната апсолутна власт.

Воедно бараме најитно расветлување на инцидентот и изведување пред лицето на правдата на сторителите на инцидентот.

ВМРО-ДПМНЕ се става на страна на медиумските работници и во одбрана на нивната слобода и права“ – посочуваат во партиското соопштение.

Коронавирус