вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 22
home Вести

„ВМРО-ДПМНЕ го има тој силен механизам на внатрешно прочистување – што не е карактеристика на СДСМ“

„ВМРО-ДПМНЕ го има тој силен механизам на внатрешно прочистување – што не е карактеристика на СДСМ“

Јас таа вечер излегов не како Александар Николоски туку како Потпретседател во име на одлуките кои што Централниот Комитет да нагласам едногласно ги донесе со поддршка на сите членови на Централниот Комитет и овластен од истиот таа вечер ја честитав новата коалиција помеѓу Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков која  што за жал функционира во државата. И која што ги урнисува темелите на државата, појасни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на емисијата„Отворено“.

Николоски образложи дека на одредени структури од власта и блиски на власта ова не им одговара, затоа што во јавноста излезе вистината. Се виде кој на која страна е и што прави. Ние јасно и прецизно дефиниравме на состанокот на Централниот комитет што се случило. Дефиниравме кои пратеници гласале исто така кои од партијата ВМРО-ДПМНЕ за жал учествувал во целиот тој проект, односно кој од партијата ВМРО-ДПМНЕ учествувал во коалиција со СДСМ и со Заев во убедување но и притисок, уцени и закани врз пратениците со цел да стигнат до посакуваната бројка. И затоа стигна предлогот до општинскиот комитет за исклучување на господинот Мијалков како и предлогот до општинскиот комитет Карпош за исклучување на господинот Тодоров. Исто така имаше и две разрешувања. Така што по однос на исклучувањата јасна е причината зошто тоа се случи. Има една јасна спрега.

Ние 27 години имаме еден исти систем на владеење во Република Македонија каде што луѓе доаѓаат на власт ја злоупотребуваат власта и после тоа прават пактови и договори со следната власт на штета на сопствената политичка партија, на каузата која што ја застапуваат и на државата со цел да си го заштитат она што го стекнале додека ја злоупотребувале власта, потенцира Николоски.

Потпретседателот објасни дека ВМРО-ДПМНЕ реши да го прекине, на сето тоа мораше да се стави точка и како секогаш претходно ВМРО-ДПМНЕ го има тој силен механизам на внатрешно прочистување. ВМРО-ДПМНЕ повторно се прочисти, нешто што никогаш не било на пример карактеристика на СДСМ која што никогаш не собрала храброст не да ги исклучи туку барем да се извини за злоделата на Бранко Црвенковски или на Хари Костов или на една плејада транзициски политичари кои што ја уништија државата.

Николоски говореше и за обвинувањата од страна на СДСМ, дека ВМРО-ДПМНЕ е анти ЕУ и анти НАТО орентирана.

-Оријентацијата на ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Посветеноста кон членство во ЕУ и НАТО е јасна и дури ми е дегутантно да одговарам на вакви прашања, да треба да се правдаме за работа за која што е факт. Тоа што ние не се согласуваме да се промени името на оваа држава не значи дека сме против ЕУ и НАТО, значи само дека сакаме гордо и достоинствено да влеземе таму, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето вечерашно гостување во Отвореното студи на телевизија Алфа.

Тој ги спомена и посочи како што вели луѓето кои се спремни по секоја цена да ја остварат својата агенда, притоа напоменувајќи дека тоа не ги прави нив ниту поголеми европејци ниту про НАТО.

Ако има луѓе кои што се спремни по секоја цена да го направат тоа, тоа не ги прави нив повеќе европејци, про НАТО. Напротив мислам дека тоа ги прави помалку, затоа што и оние кои што ги убедуваат дека е добро тоа да го направат, помалку ги почитуваат. Затоа што вие ако не се почитувате себе не можете да очекувате дека некој друг ќе ве почитува.

Коронавирус