среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Гломазен Буџет со голема дупка и нејасни проекции

ВМРО-ДПМНЕ: Гломазен Буџет со голема дупка и нејасни проекции

Буџетот за 2021 година како што СДСМ го најавува е гломазен и во услови на криза со нејасни проекции. Кога секојдневно гледаме луѓе на улица и фирми кои се соочуваат со намалена ликвидност, нејасно е од каде толку висок буџет. Дополнително се планираат уште нови задолжувања, без да се каже што се очекува за возврат и дали ќе се инвестира во проекти со додадена вредност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ потроши три буџети, а не направи ниту Клинички во Скопје, ниту го доврши Клиничкиот центар во Штип. Иако се потрошија милијарди изминативе години инвестиции во здравството немаше. СДСМ се расрлаше со пари, а не изгради ниту еден автопат. Единствено нешто поврзано со автопат е чочекот во тунел на автопатот Демир Капија – Смоквица, кој го направи ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ пропушти многу и потроши милијарди, а не направи ништо. Дали некој знае каде се потрошени 2 милијарди евра за кои не задолжи Заев? Дали  некој се сеќава барем на еден голем проект на СДСМ? – Не! Истата ситуација која се повторува со години со СДСМ ја имаме и сега. Неработа, неспособност и расипништво, порачуваат од партијата.

Најнови вести

Коронавирус