вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ гласаше за одлуката за испраќање на воена сила во Авганистан

ВМРО-ДПМНЕ гласаше за одлуката за испраќање на воена сила во Авганистан

На денешната седница на Собранието на Република Македонија се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев. Изрази поддршка за упатувањето на македонските војници на мировната мисија во Авганистан и истакна дека и во изминатите години и како опозиција и како власт ВМРО-ДПМНЕ била поддршка на АРМ.

-Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” ќе ја поддржиме оваа одлука бидејќи станува збор за меѓународни обврски на Република Македонија, затоа што станува збор за нашиот однос према нашите НАТО партнери, према нашите билатерални партнери. Македонските војници таму ќе бидат заедно со војниците на САД, Германските војници, Британските војници и војниците од другите НАТО земји, додаде Ѓорчев.

Ѓорчев истакна дека тоа е одлична можност за војниците да научат нови вештини, да бидат поблиску до силните и големи НАТО земји. Исто така истакна дека со својата заложба ќе ја зголемат безбедноста на 35 милиони жители кои живеат во Авганистан.