четврток, 4. март 2021. Вести денес: 129
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ги видовме платите на министрите, сега да видиме до каде се постапките за криминалите на тие министри заглавени во државните лавиринти

ВМРО-ДПМНЕ: Ги видовме платите на министрите, сега да видиме до каде се постапките за криминалите на тие министри заглавени во државните лавиринти

Додека пола милион граѓани живеат со 2 евра на ден видовме дека Заев и неговите министри земаат по три просечни нето плати месечно, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека сега, откако се виделе платите на министрите, треба да се види до каде се постапките за криминалите на тие министри заглавени во државните лавиринти.

-Да се разјасни до каде е аферата „Leonardo will win“ на Рашкоски, каде се парите на рекетот кои завршија според сведочењето на осудениот Јовановски кај Зоран и Вице Заев, аферата „Дака и панамските пари за 2000 стана во Тетово“, аферата „Иловица и бугарските врски на Заев“, и редица други криминали. Меѓу другото ја повикуваме владата на централно и локално ниво да ги објави членовите на управни и надзорни одбори кои земаат илјадници денари паушали на грбот на народот, се наведува во соопштението на партијата.

Коронавирус