четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 117
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ги изнесе своите принципиелни ставови и забелешки за Законот за попис

ВМРО-ДПМНЕ ги изнесе своите принципиелни ставови и забелешки за Законот за попис

За ВМРО-ДПМНЕ успешен попис ќе биде само попис кој што е целосно усогласен со стандардите на Европската Унија и со стандардите на Еуростат.

Ова го истакна Илија Димовски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Би сакале во врска со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со Предлог законот за попис да истакнеме дека некои од нашите принципиелни ставови и некои од нашите принципиелни забелешки на концептот и на законот кој што е во собраниска процедура. Прво, за ВМРО-ДПМНЕ успешен попис ќе биде само попис кој што е целосно усогласен со стандардите на Европската Унија и со стандардите на Еуростат. Попис кој што би се одржувал по примерот на пописите кои што се одржуваат во сите членки на Европската Унија. Тој попис ќе биде усогласен и ефективен за Република Македонија и ќе даде податоци кој што ќе бидат од полза за планирањето на идниот развој на државата. За жал граѓаните, а и ние повторно имаме чувство дека пописот се користи за политички цели и е предмет на политички калкулации помеѓу партнерите во владеачкото мнозинство. Како пример, видовме дека тоа не е добро и не сакаме да дозволиме да биде предмет на политички калкулации. Постои сериозна регулатива, огромен број на документи од Европската Унија и Еуростат и она што треба Република Македонија да направи е да ги вгради во законодавтството и да ги примени. И трета, принципиелна забелешка е дека пописот не смее и не треба да се разбере како страв или како радост на било која етничка заедница од можноста за добивање или губење на било какви граѓански права. Пописот мора да биде исклучиво статистичка операција кој што ќе помогне за понатамошниот развој на Република Македонија, вели Димовски.

Тој потенцира дека дел од конкретните забелешки кои што ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги презентира на тим од Владата во насока на обидот да се најде усогласување.

-Прво, во согласност со некои регулативи од Евроспката Унија со број 763 во 2008, број 543 од 2017, број 712 од 2017 година итн. Ние ќе побараме од владиното мнозинство разбирање дека попис се извршува на секоја декада. Нашето барање ќе биде Република Македонија пописот да го спроведе во 2021 година, а дотогаш да има сриозно време и оперативно и за разговори, пописот да биде спремен на најдобро возможно ниво. Понатаму, бараме дефинирање, нешто што недостасува во предлог законот на сите изрази и поими кои што се употребуваат во законот кој што потенцирам е lex specialis. Закон за еднократна употреба кој што не може да се повикува на дефиниции од други закони и во себе треба да ги содржи дефинициите за тоа што е население, што е вообичаено место на живеење, што е официјално место на живеење, што  е домаќинство итн. Како примери има десетици и десетици, стотици закони во Република Македонија кој што на самиот почеток ги дефинираат поимите кои што понатаму се употребуваат во законот со цел во текот на примената на Законот за попис да нема двојни, тројни и повеќеслојни толкувања на основните поими од Законот за попис. Понатаму, за жал мораме да истакнеме дека немаме доверба, директорот на државниот завод за статистика да биде носител на целата пописна операција. Сепак станува збор за лице, политички назначено од страна на политички орган, Влада на Република Македонија и сметаме дека за оваа операција треба да се најде начин за некое колективно тело, пред се составено од стрручни лица, не од политички лица, професори, академици, луѓе кои што имаат долгогодишно искуство, тело колективно кое што би добило целосна поддршка од Собранието на Република Македонија и зад кое што би застанало најшироко возможно мнозинство во ова Собрание. Тоа ќе биде принцип, за нас многу значаен, но и за државата многу значаен дека сите политички групации во Собранието даваат доверба на одреден состав на луѓе кои што имаат стручен бекграунд зад себе за да спроведат една така битна статистичка операција кој што за жал од 90-та година досега иако со неколку обиди и неколку условно кажано успешни примери ние немаме реален попис спроведено на територија на Република Македонија. Исто така бараме да се дефинира нешто што не е дефинирано во законот, а тоа е што е резидентно население во Република Македонија и тука не нудиме наши толкувања, наши дефиниции туку бараме да се применат дефинициите на Европската Унија и Еуростат, онака како што се применуваат дефинициите во сите земји челнки на Европската Унија. Исто така, бараме нешто што не е предвидено со законот воопшто за жал што за на с е многу чудно, пописот да се спроведува врз база на релевантни и точно набројани документи. Онака како што сега е предложено во Законот за попис, апсолутно граѓаните нема да имаат потреба да приложат било каков документ. Само со кажување на матичен број, свој или на комшија или на пријател или на некој што живее десет куќи од вас ќе може да го попишете тоа лице без да приложите било каква документација. Ние бараме да се приложи документација, дали тоа ќе биде лична карта, пасош или извод од матична книга на родени или нешто слично е предмет на разговор. Занчи да можат да се попишат они кои имаат релевантна документација, посочува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Димовски потенцира дека во законот не е предвидено кој за кого смее да дава податоци.

-Онака како што е напишано во законот практично јас или било кој од вас ќе може да даде податоци за цело едно маало. Никако не смее така факултативно секој да дава податоци за секого. Она што е предвидено со законот кој што е во процедура е попишувањето да се спроведува на терен директно со внесување на податоци во компјутер. Ценејќи го фактот дека голем дел од нашите грашани, посебно повозрасните не можат да ја следат новата технологија, ние бараме да има пописница односно документ во кој што ќе се внесуваат податоците од граѓаните кој што обавезно ќе биде потпишан од граѓанинот кој што ги дава податоците за себе или за некој од своето семејство и обавезно да има потпис од попишувачот, за да имаме потврда дека податоците кои што се внесени, за тие гарантираат и попишувачите и човекот кој што ги дал податоците. Доколку не се прифати ваков пристап, ние бараме во најмала рака да има еден формулар каде што попишувачите и човекот кој што дал податоци ќе стави свој потпис и ќе одговара за податоците. Тие кои што ќе се попишуваат преку електронска апликација според нас, не треба да се водат како резидентно население. Немаме проблем да се попишуваат граѓаните, но да знаеме точно кои се резиденти според статистиките на стандардите на ЕУ и Еуростат, а кои се попишуваат , а не се резиденти во нашата држава, заради тоа што може да се случи во пописот како резиденти во Република Македонија да се попишат и лица кои што живеат подолго од една година, а немаат македонско државјанство. Ние бараме да не оставиме за некогаш некој во ДЗС да ги дефинира прашањата, бараме да имаме колку што е можна појасна дефиниција кои прашања ке стојат, кој се тие податоци кои што треба да стојат. Тие прашања се логични и јасни од аспект на стандардите на ЕУРО СТАТ кој што секаде се применуваат, сето она што би било плус, а што има знчење за секојдневното функционирање на државата и за секојдневното воспоставување на граѓанските права на државата сметаме дека треба да се има увид каква ќе биде таа пописница и кои податоци ќе се бараат во фаза од разговорите. Она што е предложено во законот, дека методологијата, бирото за спроведување на пописот и така натака, ги бира диркеторот на ДЗС, ние не можеме да дадеме гарантирана доверба на директорот, не од стручен аспект, туку од аспек на тоа дека е сепак политичко назначено лице. Бараме во овие процедури за утврдува на методологија, за утврдување на пописници да се вклучи и Советот за статистика на Република Македонија, каде што членуваат припадници на ЗЕЛС, лица од стопанските комори, предложени лица до Министерството за финансии, НБРМ, лица предложени од Собрание. Тое е тело кое не се формира ад хок туку функционира континуирано и може да имаме поголема доверба затоа што таму лицата се стручни, порача тој.

Димовски посочи: „Ние како Собрание пред два месеци го оформивме во комплетен состав  тоа тело. Значи методологииите и бирото кое што ќе го води пописот треба да бидат формирани и од ова тело“.

-Исто така во законот не се предвидени база на податоци кои ќе се користат. Ние бараме да се наведат сите извори и бази на податоци кои ќе се користат. Бараме да бидат вклучени базите на МВР, на ПИОМ, Централен регистар, УЈП, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, од НБРМ и да бидат ефектуирани односно да се знае која база на податови во кој фаза од постапката ќе биде користена. Дали ќе биде во припремата на податоците, дали ќе биде во спродеувањето на податоците или во фаза на проверка на податоците. Реално врз база на искуството кое што го имаме од претходно, базите на податоци во Република Македонија според нашите сознанија можат во овој момент да дадат прилично точен одговор на прашањата кој што ќе се постават за време на пописот. Сите наши барање се во насока да изградиме доверба, немаме намера да нема попис, туку напротив мислиме дека долго Република Македонија немала попис, факт е дека треба да има попис , но тој попис не треба да има за цел политичко задоволувавање на интересите. Граѓаните треба да имаат доверба и не треба да имаат страв, ниту пак за било каква радост или за добивање на било какви политички и граѓански права. Исто така сметаме дека по примерот на спроведување на изборите, членовите на пописните комисии и пописувачите треба да се црпат по случаен избор од државната, јавната и локалната админиситрација, но да се запази етничката припадност во смисла на запазување на партиципативноста на попишувачите во согласнос со минимум доверба, рече тој.

ВМРО-ДПМНЕ бара попишувањето да не го спроведува по еден попишувач затоа што тоа ќе биде основ за било каков сомнеж.

-Кажав изборот да биде случаен електронски, но да се запази и етничката припадност. Пописот според нас треба да се спроведе на македонски јазик и на јазикот кој што ќе побара лице кое што се попишува, заради олеснување на податоците и ставање во една база. Доколку се прави пописот само на јазикот кој што побарало лице ќе биде отежнување за процесот за собирање на податоците во една база. Да се има принцип на одоговрност за спроведување на пописот, од највисоко до најниско ниво, тоа не е прдвидено во законот и тоа создава одредена доза на сомнеж. Бараме МВР да се формира специјален тим за поддршка на пописот, исто како што се прави поддршка на изборите, со оперативен штаб и распоред. Исто така по стандардите на Евростат бараме по спроведување на попиост, да се спроведе проверка на 2% на податоците кои ќе бидат прифатени како официјални. Ова се дел од забелешките, далеку  се од незначајни јас вчера ја погледнав изјавата на премиерот кој спомена дека не се големи и суштински забелешките на опозицијата, не е така. За жал предлог законот е прилично лефтерен без јасни правила што за нас за жал отвара големи сомежи  за намерата. Затоа еве одлучивме денеска да ги соопштиме поголем дел од забелешките кои секако не се незначајни и не се мали. Уште еднаш потенцираме дека ниту една од овие забелешки немаат политичка конотација, туку сите забелешки се реално направени од лица кои што се стучни во оваа област, лица кои што имаат и меѓународно исуство. Овие забелешки не се правени на ниво на политички орган, туку се правени од стручни лица со меѓународно искуство, порача тој.