четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 68
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ги демантира лажните вести: Заев е детронизиран и прашање на денови е кога тој ќе заврши на мрачните страници на историјата

ВМРО-ДПМНЕ ги демантира лажните вести: Заев е детронизиран и прашање на денови е кога тој ќе заврши на мрачните страници на историјата

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира невистините изнесени на порталот „Цивил Медиа“ со наслов „Христијан Мицкоски изразил признание за успесите, храброста и одговорноста на Зоран Заев“. Власта во паника шири лажни вести, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по написите кои беа објавени во провладините медиуми.

Додаваат дека преку ваквите лажни вести целта е да се предизвика мнение за споделување на одговорноста за поразот на заевите политики во ЕУ.

-Заев е детронизиран и прашање на денови е кога тој ќе заврши на мрачните страници на историјата. Криминалниот октопод е извор на високата корупција на чие чело е токму Заев. И токму тоа е причината за моментната состојба во која е втурната Македонија. Ваквите лажни вести нема да го амнестираат од одговорноста за поразите на земјата, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.