недела, 24. септември 2023. Вести денес: 16
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба: СДСМ не се грижи за безбедноста на општината, граѓаните сведоци на грабежи насилство и закани

ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба: СДСМ не се грижи за безбедноста на општината, граѓаните сведоци на грабежи насилство и закани

СДСМ не се грижи за безбедноста за граѓаните на Гази Баба, ова на денешна прес конференција го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба.

-Како поинаку да се толкува фактот што министерството за внатрешни работи со месеци нема назначено командир на полициската станица Гази Баба која покрива речиси половина од Скопје и која е одговорна за над 100 илјади граѓани. Граѓаните на Гази Баба се сведоци на грабежи, насилства и закани по нивната лична безбедност, а министерството се уште не именува соодветна личност за вршење на оваа функција, со други зборови, оваа полициска станица е обезглавена, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба.

Тие додаваат и дека согласно законската процедура, Министерството за внатрешни работи предводено од Оливер Спасовски треба до Советот на општината да поднесе предлози за именување на командир на полициска станица, но тоа со месеци не го прави.

-Тоа е доказ дека на МВР не му е грижа за безбедноста и сигурноста на над 100 илјади граѓани и нивните имоти. Ваквиот однос остава простор криминалците слободно да хараат на просторот  на нашата општина и пошироко во целата надлежност на полициската станица и на тој начин да го загрозуваат редот и безбедноста. Што треба да се случи за да Оливер Спасовски и градоначалникот Ѓоргиевски да ја сфатат сериозноста на ова прашање, велат од ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба.

Тие исто така потенцираат дека граѓаните треба да бидат сигурни дека органите задолжени за редот и мирот функционираат со полн капацитет и ваквата несериозност од страна на надлежните со право ги загрижува.