среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 79
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ формираше работно тело за следење на реализацијата на проектите на градоначалниците ветени пред граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ формираше работно тело за следење на реализацијата на проектите на градоначалниците ветени пред граѓаните

Во насока на доследно спроведување на проектите ветени пред граѓаните кои добија апсолутна поддршка на последните избори, ВМРО-ДПМНЕ пристапи кон формирање на работно тело во рамките на партијата кое ќе ја следи реализацијата на истите, информираат од партијата.

– Во програмите “Гарантираме” се опфатени точно 14 835 проекти од различни сфери и области, решенија за реалните проблеми на народот. Со овие програми се предвидуваат 2 000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу други конкретни дела. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски соопшти пред градоначалниците дека овие проекти мора да имаат соодветен план и динамика за развој при што работното тело ќе биде од помош при овозможувањето на совети и размена на знаења при нивното имплементирање. Во работното тело кое ќе биде раководено од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе бидат и Зоран Ставревски и Оливер Шамбевски, стои во партиското соопштение.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски изрази задоволство од првичното започнување на крупни капитални проекти од градоначалниците, и воедно потенцираше дека е од исклучителна важност внимателно и доследно да се запазат ветувањата и да се овозможат промените ветени пред граѓаните со цел обезбедување на новата иднина во која граѓаните веруваат и дадоа поддршка.

Коронавирус