среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 193
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче урива рекорди секој ден, бројката на починати од корона е скоро 1.000

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче урива рекорди секој ден, бројката на починати од корона е скоро 1.000

Филипче урива рекорди секој ден. Црн петок за Македонија и граѓаните – заразени 934 лица, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Бројот на активни случаи надмина 9.000, а бројот на починати се движи кон 1.000. Власта на Заев со својата неспособност прави состојбата со пандемијата од корона вирус да биде уште полоша. Секој ден Македонија руши рекорди на нови заразени и починати. Веќе сме земја во Европа која е црн рекордер по корона статистиката. Во државата корона вирусот се шири неконтролирано. Никој веќе не води сметка на кластери. Во градинките од септември 33 деца се позитивни на корона вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација се 107 вработени и 650 деца. Во училиштата 60 ученици и 160 наставници на ниво на држава кои се со физичко присуство во училиштата се активни на КОВИД-19, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека амбулантата за прегледи на педијатриските пациенти во болницата Козле се наоѓа во самиот оддел во црвена зона  каде се хоспитализирани пациентите со КОВИД – 19, што само говори дека Здравствените власти лошо менаџираат со системот и создаваат дополнителна опасност.

-Лица со најтешки облици на болести се доведуваат во опасност од контакт со заразени со корона. И за сето ова властите не гледаат вина во себе, туку виновни се граѓаните. Затоа предлагаме Владата и Министерството за здравство, да овозможат и организираат, бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кои имаат потреба и кај кои постои најголем ризик да заболат. Дополнително бараме да се ослободат од работа хронично болните и сите останати ранливи категории граѓани, стои во нивното партиско соопштение до јавноста.

Коронавирус