понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 150
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, со штелување на корона бројки и со бранење на премиерот во заминување Заев влегуваш во жива кал

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, со штелување на корона бројки и со бранење на премиерот во заминување Заев влегуваш во жива кал

Што прави Филипче? За девет месеци не успеа, ама баш ништо да направи за здравствениот систем. Не успеа да го прилагоди и организира за корона епидемијата, и од вчера тргна во очигледно штелување на корона бројки.
Што сака Филипче да постигне со полноќно објавување на статистиката? Што мисли Филипче дека фијаското кое му се случува во здравствениот систем ќе го тргне на страна со полноќни бројките?!, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Филипче комплетно го урниса здравствениот систем, ги заборави граѓаните, ги заборави медицинските лица.
Луѓе умираат, а тој до вчера само ги броеше починатите, новозаболените, оздравените, а сега почна многу очигледно и да ги штелува бројките, велат од партијата.

– Филипче, ништо повеќе не може да ја сокрие твојата неспособност! Филипче, зарем мислиш дека можеш да се спасиш, да продолжиш да седиш во фотелјата и да се грижиш за твоите интереси и интересите на премиерот во заминување!Време е за одговорност! Одговорност мора да има, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус