среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 193
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче поднеси си оставка, тврдеше дека ќе има 2000 заболени во тек на цела пандемија, а сега има 2000 за една недела

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче поднеси си оставка, тврдеше дека ќе има 2000 заболени во тек на цела пандемија, а сега има 2000 за една недела

„Македонија тоне во Ковид панедмијата, а Филипче мува не го лази. Нема одговорност иако за една недела имаме над 2000 заболени, повеќе отколку што истиот прогнозираше дека ќе имаме за време на целата пандемија.
Филипче нема кредибилитет. Го помина цело лето без да направи подготовки, не е инвестирано во нови болнички капацитети, во услови за медицинскиот кадар, ниту пак во опрема“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Се уште нема вакцини за сезонски грип. Илјадници возрасни лица и лица со хронични болести се соочуваат со ризик. И за тоа е виновен Филипче. Не беа направени соодветни протоколи за училиштата. Затоа имаме заболени ученици и наставници. Не се заштитени ниту медицинските лица. Власта го фрли во хаос целиот систем, велат од партијата.

– Филипче нема стратегија. Со неговите погрешни политики кои беа протежирани и од Комисијата за заштита од заразни болести, како партиска испостава придонесоа во Македонија да нема прекин на пандемијата во летниот период, туку да имаме пандемија во континуитет од март досега. И секој ден е нов пик. За ова одговорност мора да има. Филипче покажи доблест. Поднеси си оставка, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус