понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не знае веќе како да излаже, но вакцини нема, треба кривично да одговара за загрозување на здравјето 

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не знае веќе како да излаже, но вакцини нема, треба кривично да одговара за загрозување на здравјето 

На лагите на Венко Филипче им нема крај. Филипче веќе не знае како да излаже. Си го губи времето со лаги, ама на сите им е јасно – вакции нема, рељагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Се уште има само најави дека ќе стигнеле вакцини, ама никако да има конкретна информација кога тоа ќе стартува вакцинацијата во Македонија.  Последно Филипче рече ќе има вакцини од КОВАКС механизмот. Во меѓувреме, најави директни преговори со производителите на вакцини, најави вакцини од Фајзер, најави кинески… Сето тоа се означува со еден збор – лаже, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека бројката на починати се движи кон три илјади починати.

-За граѓаните нема соодветна грижа, нема лекови….И последно, нема вакцини. Филипче треба да одговара што нема соодветна терапија. Филипче треба да одговара што нема вакцини. Филипче треба да одговара за сите загубени животи. Филипче треба кривично да одговара за загрозување на здравјето на граѓаните, посочуваат од партијата.

ЕУРО 2020

Македонија