понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 179
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лаже за вакцините и не знае каде тера

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лаже за вакцините и не знае каде тера

На лагите на Филипче им нема крај. Филипче лаже за вакцините и не знае кај тера. Филипче рече вакцина за корона ќе имало на почеток на следната година за тоа да стане март, а денес веќе да дели лекции Македонија била мал пазар па вакцини ќе имало во втората половина на 2021 година, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-И додека Филипче решил да наоѓа вакцини од донации, граѓаните немаат ни основна терапија за лечење корона. И не само корона, антикоагулантот е потребен за многумина. Ама за Филипче ја имало дефицитарната антикоагулантна терапија?! Наместо одговор зошто го нема познатиот Клексан и граѓаните молат на секоја врата за лек, затоа што тешко, речиси невозможно е лекот да се набави, Филипче вели има доволно. И пак според неговата логика граѓаните лажат, а тој е безгрешен! Сега неговата неспособност резултира со тоа граѓаните да се снаоѓаат за лекот на црниот пазар. Наместо тој на почеток на годината Филипче да направи реорганизација на здравствениот систем во смисла да има просторни услови, медикаменти и човечки ресурси, тој ги остави работите сами од себе да се решаваат. И да, Филипче ја направи Македонија единствена земја каде медицински персонал бара здравствено осигурување, плата, пари за дежурства, истакнуваат од опозицијата

Филипче го направи здравството најлошо од најлошите можни во светот! Одговорност за тоа мора да има! Додаваат од таму.

Коронавирус