петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 187
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче конфузен и не знае што мерки воведува

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче конфузен и не знае што мерки воведува

И на прагот на четвртиот ковид бран Филипче пак не знае што прави. Предложи едни мерки, па се пишмани, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сега промовира нови, односно да се бара ПЦР тест за влез и за излез од земјава, арно ама не знае нити тоа кога ќе почне да се применува.

По неподготвотеност да се одговори на првите три брана, ист е случајот и со третиот.

Не знаејќи што да прави Филипче приодонесе само да се развие четвртиот бран, Македонија ја направи ново жариште и убедливо ја држи на врвот на светската листа на починати од корона на милион жители.

Или во земјава бројката на починати се движи кон шест илјади, а на светската листа оди „напред“ или од 6 или 7 место сега Македонија е на петто место по смртност. Секој ден има скоро и по десеттина мртви.

На сите веќе им е јасно дека предложнените мерки кои стапија денес на сила се дискриминаторски и не може да се спроведат бидејќи се конфузни и нереални.

Тоа го покажа и денешната слика по кафулињата и рестораните.

Од Филипче се чека само едно, да замине од функцијата и да се спаси народот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Локални избори 2021