четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 9
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев во исто време кога прогласуваат криза во Штип каде има 502 активно заразени, туркаат избори и спремаат корона кланица

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев во исто време кога прогласуваат криза во Штип каде има 502 активно заразени, туркаат избори и спремаат корона кланица

Венко Филипче и Зоран Заев во исто време кога прогласуваат криза во Штип каде има 502 активно заразени туркаат избори и подготвуваат корона кланица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата на Филипче и Заев поважни им се избори во Штип и Пласница, а не здравјето на граѓаните.

-Филипче зави во црно во последното деноноќие според статистиката на министерството за здравство 26 семејства. Тие семејства загубија мајки, татковци, браќа, сестри.Погрешни проценки, задоцнети и несоодветни мерки. Македонија поради Филипче и Заев руши црни рекорди.Македонија поради Филипче и Заев котира високо на регионалните, европските, како и светските листи по број на починати, а е на дното по направени тестови.За ова говорат фактите.Македонија е на 8-ма држава во Европа и 17-та во светот по бројот на смртни случаи на милион жители, со бројка од 671 починат на милион жители. Македонија е на 16-то место во Европа, а на 31-во место во светот по бројот на заразени на милион жители, со бројка од 24.007 вкупен број на заболени на милион жители. Македонија е на 107-мо место во светот, а на 37-мо место во Европа во број на направени тестови. По број на направени тестови на милион жители во светот Македонија е на 86-то место, додека во Европа на 42-ро место, од вкупно 48 земји во Европа од статистиката на Ворлдометар, со бројка од направени 144.095 тестови на милион жители. Наместо Филипче да прикрива случаи кога на лица поради тоа што не им е даден кислород починале, наместо да ги прикрива сопартијците доктори, менаџери одговорни за вакви случаи, треба да замине од функцијата. Време е за одговорност!Време е за оставка на Филипче, се наведува во соопштението на партијата.

Коронавирус