среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 119
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и по шест месеци не признава дека е неспособен да се справи со КОВИД – 19

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и по шест месеци не признава дека е неспособен да се справи со КОВИД – 19

Министерот Венко Филипче секој ден во јавноста докажува дека е министер за зараза и смрт. Пред стартот на работа на градинките проблеми, по почетокот на работата секојдневно броиме заразени деца и персонал од градинките, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Учебната година ги изненади, па ја одложија за први октомври и пак проблеми. Филипче очигледно нема подготвено ниту еден соодветен протокол. Погрешните и лоши политики на Филипче ја направија Македонија црна дупка во регионот, Европа и пошироко. Погрешните и лоши политики на Филипче ја ставија Македонија на врвот на новозаболени, како и на врвот на починати лица. Сега по шест месеци почнал да прави анализи, ама за својата неспособност вината ја префрла на граѓаните, истакнуваат од партијата.

Филипче додека се занимава со парцели, куќи и згради, а и криминални тендери, граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со корона вирусот, додаваат од опозицијата.

Коронавирус