петок, 4. декември 2020. Вести денес: 23
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е канцерот на македонскиот здравствен систем

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е канцерот на македонскиот здравствен систем

Здравствениот систем од ден во ден се повеќе се распаѓа. Неспособноста на министерот излегува на виделина. Филипче е канцерот на македонскиот здравствен систем, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Филипче одлучи да ги префрла Детската кардиохирургија во приватна клиника и трансплантацијата на органи во приватни болници како да се од татко му. Филипче наместо да инвестира во јавното здравство за да се задржат лекарите во Македонија, тој решава да полни џебови на одредени поединци. Самиот министер и СДСМ со оваа одлука ги отворија вратите на нашите млади лекари на големо да си заминуваат од земјата, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека сето ова претставува уништување на се што е создадено во здравствениот систем.

-Министерот склучува договори во четири очи, се распаѓаат болниците, недоволно се обезбедуваат лекови за луѓето со ретки болести, едноставно со еден збор тој спроведе само еден проект „распад на здравствениот систем“. Ова е доволно да се согледа неспособноста на Филипче како министер и на владата која ја води аболицираниот Заев. Време е да се стави крај на ова црнило кое ја зави Македонија и опстојува повеќе од година ипол. Граѓаните со својот глас ќе стават крај на црнилото и на ракот на здравствениот систем, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус