вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е должен да одговори како е возможно со чиновничка плата да стигне до 15.580 м2 имот на Водно

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е должен да одговори како е возможно со чиновничка плата да стигне до 15.580 м2 имот на Водно

Венко Филипче е фатен како ја лаже јавноста и во огромен скандал. Венко Филипче е должен да одговори како е возможно со чиновничка плата да стигне до 15.580 м2 имот на Водно, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Како е возможно да е во сосопствеништво со газдата на фирмата која е добитник на милионски тендери во министерството за здравство и со директор на клиника каде Филипче му е надреден? Полека но сигурно Филипче е еден од примерите како се богатат членовите на мафијата на власт. Што е ова друго освен огромен криминал? Венко Филипче повторно се крие зад институциите на хибридниот режим поставени во одбрана на криминалот и корупцијата во кои што Македонија секојдневно тоне на сите мерења, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека соочен со фактите, Филипче со празни флоскули ниту ги демантираше наводите ниту одговори на поставените прашања.

-По изборите ќе следува одговори и одговорност за секој еден криминал, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус