петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Епска брука на Заев и Филипче, не се способни ниту донирани вакцини да превземат

ВМРО-ДПМНЕ: Епска брука на Заев и Филипче, не се способни ниту донирани вакцини да превземат

Епска брука на Заев и Филипче, не се способни ниту донирани вакцини да превземат додека народот умира.
Да имаа грам одговорност денес ќе си напишеа сами оставка и ќе се извинеа на нацијата. Арамијата Заев прво чекаше вакцини од Грција, не ги доби, па од Бугарија кои исто не ги доби, сега од Србија, никако да му стигнат, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека наместо да чека донации до сега требал да се фати за работа и сам да набави, а не да ја брука државата кај ќе стигне.

-Цел регион и цела Европа одамна се вакцинира, а Заев се фали дека ќе му стигнат вакцини, кои не ги набавил, туку некој друг му ги подарил. А тие никако да стигнат. Македонија со Заев стана земја за жалење, наместо да обезбеди вакцини на време, тој моли за вакцини низ соседството, прво се фалеше со бугарски вакцини, кои не му стигнаа, а сега со српски. Македонија се уште е на врвот на листата на земји по починати од КОВИД-19 на 1 милион жители, а голем дел од тие животи сега ќе беа спасени доколку Заев набавеше вакцина на време. Филипче и Заев се неспособни да извршат набавка на вакцини, а уште помалку ќе извршат вакцинација. Според нивниот план за вакцинација Македонија ќе се вакцинира 3 години. Филипче и Заев се неспособни, а резултатот од тоа е голем број на заразени и починати граѓани од КОВИД-19, стои во партиското соопштение.

ЕУРО 2020

Македонија