четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 6
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Енормното богатење на кланот на Заеви ниту е во интерес на општина Струмица ниту на економијата- одговорност ќе има

ВМРО-ДПМНЕ: Енормното богатење на кланот на Заеви ниту е во интерес на општина Струмица ниту на економијата- одговорност ќе има

СДСМ ги потврдија информациите соопштени во скандалот каде Зоран Заев продава земјиште на кое денес Вице Заев гради зграда. Тоа што во минатото не било покренато обвинение, не значи дека истото треба да биде амнестирано и не значи дека во иднина нема да се истражи случајот и да биде утврдена одговорност за ваквите сомнежи за криминал. Одговорност ќе има, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е уште една потврда како криминалниот картел предводен од Зоран Заев кој како тогашен градоначалник на Струмица користејќи ја својата функција, продава државно земјиште, каде по повеќе постапки завршува во рацете на неговиот брат Вице Заев. Граѓаните заслужуваат да знаат како братот и братучедот на Зоран Заев добиле дозвола да градат на тоа место. Исто така јавноста заслужува да знае дали Зоран Заев како тогашен градоначалник ја има злоупотребено својата позиција се со цел да се оствари ова, стои во реакцијата и се додава:

„Уште еднаш го повикуваме јавното обвинителство да ги испита тврдењата дали: Однапред се знаел добитникот на парцелата? Под кои услови е отстапено правото на градење? Да го испита потеклото на парите на Сашко Брндевски околу 700 илјади евра кои се уплатени на сметката на општината. Ова е класичен случај каде со искористување на функцијата градоначалник може многу јасно да се види како се прави бизнис во Струмица“.

Ваквото енормно богатење на кланот на Заеви, подвлекуваат од партијата, ниту е во интерес на општина Струмица ниту на економијата.

Коронавирус