понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 187
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Двојното зголемување на акцизата што доведува до константно зголемување на цената на горивата е државен удар на Заев врз економијата и граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Двојното зголемување на акцизата што доведува до константно зголемување на цената на горивата е државен удар на Заев врз економијата и граѓаните

Народот со години ја плаќа казната за владеењето на Заев. Двојното покачување на акцизата ја намалува конкурентната моќ на економијата, но и буџетот на граѓаните, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Не се доволни покачувањата на акцизата за Заев, па на секој месец дена имаме покачување на цената на горивата од 1 до 3 денари. Власта наместо да влијае на цените на горивата со помало или никакво зголемување, и намалување на акцизата, имаме рапиден скок на цените на горивата. Заев ги ограбува граѓаните преку цените на енергенсите, а извршител во грабежот е РКЕ. Заев спроведува систематски грабеж, како преку зголемените цени на горивата, така и преку зголемените цени на струјата и водата. И во целиот овој грабеж извршителот има име и презиме Марко Бислимоски, од РКЕ, партиски функционер на Заев и СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека се додека партиски чиновници се на чело на РКЕ, се до тогаш ќе трае грабежот.

Најнови вести

Коронавирус