петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 23
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ држи до принципите: Мицкоски бара гаранции за заштита на здравјето на граѓаните и кредибилен изборен процес

ВМРО-ДПМНЕ држи до принципите: Мицкоски бара гаранции за заштита на здравјето на граѓаните и кредибилен изборен процес

Не постигнаа договор за датум за избори лидерите Христијан Мицкоски и Зоран Заев кои имаа средба кај претседателот Пендаровски.

Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека партијата се држи до своите принципи за заѓтита на здравјето на граѓаните, со оглед на растечката тенденција на ковид заразата.

Освен гаранции за заштита на здравјето на граѓаните, како што дознаваме, Мицкоски на средбата ја посочил потребата за кредибилен изборен процес при што потребен е и увид во избирачкиот список, како и кредибилна набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

КУРИР дознава дека Мицкоски инсистирал да се запазат уставните и законските норми во однос на изборите и воедно да не се лицитира со датумите бидејќи тоа е неодговорно кон граѓаните.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како што дознаваме, посочил дека изборите не смеат да се претворат во трка по датуми туку суштина која треба да обезбеди гаранции за здравјето на граѓаните и за кредибилен изборен процес.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие се за компромис бидејќи тоа е за добро на државата, но не би прифатиле еднострани диктати кои генерираат дополнителни кризи.

 

Коронавирус