четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 177
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Државата се задолжува без основа, расипништвото на власта нема кра

ВМРО-ДПМНЕ: Државата се задолжува без основа, расипништвото на власта нема кра

Економијата стагнира. Државата се задолжува без основа, расипништвото на власта нема крај. Картелот ја задолжи државата за нови над 300 милиони евра во првите 3 месеци од 2018 година, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Првпат во историјата на државата јавниот долг надмина 5 милјарди, а државниот 4 милијарди евра. Државата забрзано ита кон банкрот. Се земаат кредити на 10, 20 и 30 години со високи камати. Идните генерации ќе плаќаат камати двојно поголеми од самите кредити кои сега ги зема оваа расипничка власт. Ова расипништво во никој случај неможе да се оправда. Милиони евра долг, а ниту една капитална инвестиција. Картелот скоро цела една година ги запре сите градежни активности на инфраструктурните објекти, кои беа почнати од ВМРО-ДПМНЕ. Неспособноста и неработата на картелот придонесоа реализацијата на капиталните проекти во првите три месеци од 2018 година да изнесува минорни 7.5%. Со ваквото темпо на реализација се доведува во прашање нивото на годишно планираните капитални инвестиции, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека ова е епилогот од владеењето на криминалниот картел наречен СДСМ, неработа, неспособност и расипништво.

-Неспособноста и немањето резултати на економски план картелот се обидува да го прикрие со монтирани судски случаи против политичките неистомисленици на Зоран  Заев. Ваквото однесување на картелот не ја придвижува државата кон ЕУ и НАТО, туку ја уназадува. Државата паѓа економски, а правата на граѓаните се девалвирани. Оваа хаотичност мора да запре. Државата и граѓаните заслужуваат подобро. Доаѓа нова надеж за Република Македонија, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус