среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 1
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е киднапирана од картелот на власт, а граѓаните се повеќе осиромашуваат

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е киднапирана од картелот на власт, а граѓаните се повеќе осиромашуваат

СДСМ владее со политички терор и притисоци. Државата е киднапирана од картелот на власт, а граѓаните се повеќе осиромашуваат, им се зголемуваат даноците и се менува името и идентитетот на државата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека недемократската и немакедонска власт предводена од Зоран Заев го користи политичкиот прогон против Никола Груевски за политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ.

-Ударот врз опозицијата има една цел – да се дефокусираат граѓаните од мачната живеачка и се полошите политики кои ја водат државата во пропаст. Правната држава не функционира. Откако СДСМ е на власт до сега има евидентирано вкупно 9 нерасчистени убиства, бројот на грабежи е зголемен, а сведоци сме на секојдневни престрелки во центарот на Скопје и запалени автомобили на фреквентни локации, но никој не одговара. Сторителите како и секогаш не и се познати на полицијата водена од Спасовски. Година ипол правосудните органи немаат поведено ниту една постапка за корупција и криминал против претставници на власта, се наведува со партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека владеењето на правото е нарушено целосно, а демократијата е стран поим во Република Македонија под водство на СДСМ.

-Додека се случува национална катастрофа во режија на СДСМ, граѓаните се тие кои го плаќаат цехот. Токму затоа СДСМ мора час поскоро да си замине од власт, а одговорност мора да има за секој кој го прекршил законот, нагласуваат од партијата.

Коронавирус