петок, 17. септември 2021. Вести денес: 83
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Грција е отфрлен од страна на граѓаните, таа одлука мора и Заев да ја почитува

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Грција е отфрлен од страна на граѓаните, таа одлука мора и Заев да ја почитува

Покрај сите притисоци, закани и уцени од страна на власта, граѓаните кажаа НЕ за штетниот договор за промена на името, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција на премиерот Зоран Заев.

Од партијата велат дека граѓаните кажале гласно НЕ за договорот со Грција.

-2/3 од македонските граѓани упатија јасна порака дека за нив овој договор е неприфатлив. Залудни се правдањата, апсурдните толкувања и манипулациите на Заев. Граѓаните јасно упатија порака, дека Заев нема легитимитет да го турка овој договор. Граѓаните го отфрлија овој договор. Зоран Заев наместо да манипулира треба да се соочи со реалноста и да го отфрли овој договор, кој е на штета на Република Македонија. Насилното туркање на овој капитулантски договор ја носи државата во ќорсокак, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Зоран Заев ја изманипулирал и меѓународната заедница и нејзините претставници, кои ги лажеше со голема поддршка.

-Директен виновник за неуспехот на овој референдум е криминалната власт на чело со Заев. Криминалот, корупцијата, убиствата по улици и грабежите не се европски вредности. Граѓаните со СДСМ на власт имаат пад на безбедноста, владеење на правото не постои, а доживуваат крах и образованието, здравството и земјоделието. Со оваа власт државата само тоне. Договорот со Грција е отфрлен од страна на граѓаните, тоа е одлука која дури и Заев мора да ја почитува, децидни се од опозицијата.

Коронавирус