среда, 28. јули 2021. Вести денес: 123
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заев и Филипче летаат во облаци, болните граѓани се транспортираат со возила на клиниките во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заев и Филипче летаат во облаци, болните граѓани се транспортираат со возила на клиниките во Скопје

Срамно е оправдувањето на владата на Заев дека тој и Филипче патувале во Прилеп со хеликоптер за да имале време за дневните агенди и кабинетски обврски. Нивната измислена обврска денес, поради која се потрошија илјадници евра, беше само да се сликаат кај модуларната болница која е во градба – бидејќи со лопати во раце не ги видовме, се вели во соопштението-рекација на ВМРО-ДПМНЕ по повод скандалот со летањето на Заев и Филипче со хелихоптерот.

– Нивната реална обврска не е да летаат со хеликоптер туку да набават вакцини за населението. Заев и Филипче ја злоупотребуваат моќта летнати во облаци, додека обичните граѓани се изложени на загаден воздух и смртоносен вирус. Дали болницата може да продолжи со градба без да мора Заев и Филипче да извршат увид летајќи со хеликоптер? Зошто хеликоптерите кои мора да имаат одредени часови на летање во тек на еден месец не се користат бесплатно за граѓаните кои имаат неопходна потреба од нив? Зошто наместо Заев и Филипче да летаат во облаци за да се сликаат, не им се помогне на итните случаи во корона хоророт да се префрлаат на клиниките во Скопје за неколку минути, наместо за неколку часа, прашуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека ваква бесрамност и злоупотреба Македонија не памети и дека за сето ова мора да има одговорност и оставки.

Коронавирус