вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 98
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заев ги брои парите, некој ги брои болните од загадениот воздух

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заев ги брои парите, некој ги брои болните од загадениот воздух

Македонија се гуши. Олигарсите на Зоран Заев согоруваат отровни материјали. Нивото на опасен сулфур диоксид во атмосферата според Европската енергетска заедница во Виена е 3.4 пати над нормалата, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека некој ги брои парите, некој ги брои болните. Зоран Заев викаше ајро, ајро нема воздух. Дојде на власт, три години ништо не направи. Не само што нема воздух, и тој што го имаше го снема. Дека главен загадувач се фабриките на олигарсите на Заев доказ се и мерењата на станиците кои покажуваат концентрација на ПМ10 честички во воздухот петнаесет пати над дозволеното во раните утрински часови. Кога нема возила, ниту пак чад од домаќинствата. Зоран Заев и неговите олигарси пријатели ја трујат Македонија. Скопје е на врвот на најзагадени градови во светот, а ништо подобро не се ни Струмица, Куманово, Тетово, Битола и Кавадарци, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев имаше три години да направи нешто да воздухот. Тој не направи ништо. Сега е време да си замине, додаваат од таму.

Коронавирус