недела, 9. мај 2021. Вести денес: 129
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заев е привилегирана странка во сите постапки против него, за обичните граѓани не важат ниту основните човекови права

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заев е привилегирана странка во сите постапки против него, за обичните граѓани не важат ниту основните човекови права

Не постои никаква правна аргументација уметници, оперски пејачи, актери, режисери, архитекти, доктори, полициски службеници, пратеници и останатите неправедно обвинети за тероризам да се држат во притвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие се целосно невини и секоја поинаква одлука од страна на органите на прогонот е само ширење на страв и обид за сузбивање на секоја критичка мисла. Нивното притворање е притисок врз нив и нивните семејства, но и порака до сите оние кои би се обиделе да кренат глас против деструктивните и антидржавни политики на власта. Притворените не се терористи, туку жртви на политички прогон. Додека Заев е привелигирана странка во сите постапки против него, за обичните граѓани не важат ниту основните човекови права гарантирани со Уставот и меѓународните конвенции, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека кршењето на законите и процедурите од страна на правосудните органи при апсењето на лицата од 27-ми април го потврди и Народниот правобранител.

-Полицијата при апсењето на тројцата пратеници го повреди правото на пратенички имунитет и начелото на презумпција на невиност, при што е прекршен чл.19 од Правилникот за начин и вршење на полициски работи. Властите се однесуваат како за нив да не важат законите. Инстиуциите се злоупотребени. Органите на власта не ги почитуваат ниту Уставот и законите, ниту меѓународните договори кои ги гарантираат правата на граѓаните. Кршењето на законите е видливо во сите нивоа од кривичната постапка. Законите се кршат од ОЈО, судот, но и од одговорните во истражниот затвор. Притворените беа неосновано обвинети и прогласени за терористи во медиумите под контрола на СДСМ. Притворените беа спектакуларно приведувани и спроведувани во истражниот затвор. Притворените беа фотографирани во истражниот затвор, а нивните фотографии беа споделувани до медиумите блиски на власта, се вели во соопштението.

Република Македонија, додаваат од партијата. мора да биде демократска држава.

Правото мора да важи за сите. Правдата мора да биде основен постулат на општеството. Само така институциите ќе уживаат доверба.Институциите не смеат да бидат злоупотребувани и користени како алатка за политички прогон. Граѓаните заслужуваат општество во кое законите важат за сите, а институциите мора да бидат гарант на демократијата и владеењето на правото, стои во партиското соопштение.

Коронавирус