сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Додека светските лидери во август минатата година договараа испорака на вакцини, Филипче и Заев тераа одмор – за ова одговорност мора да има

ВМРО-ДПМНЕ: Додека светските лидери во август минатата година договараа испорака на вакцини, Филипче и Заев тераа одмор – за ова одговорност мора да има

Ако САД и ЕУ во август минатата година разговараа и преговараа договори за набавка на вакцини против корона, надлежните во Македонија тераа одмор. Сега во сите држави се вакцинира и се брои колку од населението е вакцинирано, кај нас нема вакцини, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во другите држави се разговара за ефикасност на вакцините, кај нас нема за што да се разговара за тоа бидејќи нема вакцини. За граѓаните нема никакви вакцини, а не да имаат избор со каква ќе се вакцинираат. Во другите држави се прават планови и се разгледуваат новите соеви на корона вирусот, кај нас надлежните ги лажат граѓаните. Ги лажат за тајмингот на вакцинирање, ги лажат за видовите на вакцини. Светските лидери, а и од регионот трчаат по вакцини. Макрон им се обраќа на Французите и ги известува до кај е и како тече вакцинацијата, Вучиќ прави се за во Србија да се произведува една од вакцините, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат:

Каде се нашите државни претставници?

Свесни ли се Пендаровски, Заев и Филипче за своите пропусти?

Свесни ли се дека не успеаја да ја набават основната алатка во борбата против корона, вакцината?

По толку лаги Филипче, а и Заев ги нема да кажат нешто за вакцините. Зарем не можат мајсторите за лаги да смислат нова?!

-Сите тое се одговорни за загрозување на здравјето на граѓаните. Сите тие ги оставија граѓаните и без вакцини и им го земаат правото на лекување, правото на избор на вакцина. За ова мора да има одговороност, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

ЕУРО 2020

Македонија