четврток, 5. октомври 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Додека криминалниот картел ја пустоши државата, Заев си најавува политички пресуди кои судот само ги запишува на хартија и потоа ги презентира

ВМРО-ДПМНЕ: Додека криминалниот картел ја пустоши државата, Заев си најавува политички пресуди кои судот само ги запишува на хартија и потоа ги презентира

Додека криминалниот картел ја пустоши државата, Заев си најавува политички пресуди кои судот само ги запишува на хартија и потоа ги презентира. Додека Зоран Заев и криминалниот картел тргуваат со државните и национални интереси, судот слепо ги извршува политичките нарачки за сите оние кои мислат поинаку, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ продолжува со политичкиот прогон во Македонија, a судот стана партиска експозитура на Заев и СДСМ. Клиентелистичкото судство на Заев му служи за реализација на политички монтирани случаи против неговите политички противници. Судот не е заинтересиран ниту за докази, ниту за факти, ниту за аргументи. Правната држава не постои, а политичките пресуди  станаа судска пракса, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Заев преку правосудниот систем на државата испраќа јасна порака дека секој кој ќе го крене гласот против штетните политики на оваа власт ќе заврши со затворска казна. Истиот овој суд кој сега не штеди на години од затворските казни на обвинетите политички противници на Заев пред само неколку дена го ослободи од обвинение за барање поткуп исто како што беа ослободени осудените во случајот Сопот. На Зоран Заев му беше преквалификувано обвинението исто како што се најавува преквалификација на делото на обвинетите за масакрот на петте момчиња кај Смилковско езеро. Барање поткуп беше евидентирано со судска наредба и видео на кое севкупната македонска јавност беше сведок . Судот и Зоран Заев го прават целиот македонски народ слеп и глув за криминалите на овој човек“.

Целта, според ВМРО-ДПМНЕ, е јасна, а тоа е дефокус на јавноста од штетните и антидржавни политики кои ги води владата на Заев.

-Целта е граѓаните да заборават на катастрофалното минатогодишно ниво на раст на БДП од 0 проценти, падот на просечната плата и севкупното осиромашување на македонските граѓани. Граѓаните треба да забораваат и на мегаломанските ветувања на СДСМ и Заев за просечна плата од 500-тини евра, 100 илјади денари плата за докторите и петстотини километри автопат од кои нема ни трага ни глас. Картелот на власт сака граѓаните да останат слепи пред грабежот кој и се случува на Македонија, невиден од времето на криминалната транзиција. Ова зло мора да си оди, оваа елементарна непогода олицетворена во владата на Зоран Заев мора да си замине. Правдата ќе се врати во Македонија со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, а сите оние кои во правосудниот систем  сега работат по нарачка на Заев ќе снисат одговорност, потенцираат од партијата и додаваат:

„Оваа ненародна  власт, мора да си оди. Политичката злоупотреба на институциите мора да запре. Економијата не смее дополнително да паѓа. Државата заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро. Токму затоа сите заедно да излеземе и на 2 јуни во 20 часот пред владата на Република Македонија, да и кажеме не на оваа недемократска власт“.

Најнови вести