петок, 30. септември 2022. Вести денес: 178
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Додека граѓаните осиромашуваат и економијата тоне, власта на СДСМ се пресметува со политичките неистомисленици

 Реваншизмот и одмаздатата на луѓето кои се против политиките на СДСМ мора да запре. Власта мора да запре со законските и институционални злоупотреби во интерес на функционалноста на државата и довербата на граѓаните во неа, се заклучува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ: Додека граѓаните осиромашуваат и економијата тоне, власта на СДСМ се пресметува со политичките неистомисленици

Додека економијата тоне, трошоците за живот растат, а граѓаните секојдневно осиромашуваат, власта на СДСМ предводена од Зоран Заев, со цел да го отргне вниманието од секојдневните проблеми се пресметува со политичките неистомисленици. Повеќе од три месеци десетина македонски патриоти лежат без никаков основ по затворите, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пратеници, режисери, доктори, архитекти, полициски службеници и истакнати граѓани се соочуваат со апсурдни обвиненија за тероризам. Ова е класичен монтиран прогон без почитување на елементарните човекови права. Африканизацијата на судството под итно треба да запре. Апсурден и неправеден е притворот за Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски, Муковски и останатите. Правосудните органи мора  да почнат да делуваат според законите и Уставот на Република Македонија, а не мотивирани од стравот и наредбите од власта на СДСМ. Македонија е единствената земја во Европа каде интелектуалци, актери режисери и доктори се обвинети за теророризам. Во моментов Република Македонија е држава со највеќе терористи по глава на жител во светот. Ова дело е класичен монтиран процес кој е воден од власта чија цел е да ги замолчи сите оние кои не се согласуваат со политиките на СДСМ и Зоран Заев, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека правосудството мора да се врати на вистинскиот пат.

-Со политички затвореници низ затворите во Македонија нема напредок. Зоран Заев и СДСМ треба да бидат свесни дека во оваа земја постојат луѓе кои секогаш ќе се спротиставуваат на штетните политики со кои се уништува Република Македонија. Реваншизмот и одмаздатата на луѓето кои се против политиките на СДСМ мора да запре. Власта мора да запре со законските и институционални злоупотреби во интерес на функционалноста на државата и довербата на граѓаните во неа, се заклучува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус