вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 109
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Додека функционерите на СДСМ си тераат ПР, 160.000 работници останаа без работа

ВМРО-ДПМНЕ: Додека функционерите на СДСМ си тераат ПР, 160.000 работници останаа без работа

Додека функционерите на СДСМ си тераат ПР, 160.000 работници овој месец останаа без работа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека Бектеши собира политички поени, 15 илјади работници само од секторот туризам и угостителство се отпуштени. Манчевски прави кампања, а административците не знаат дали следниот месец владата ќе им исплати плата или не, зошто на Заев може се да му текне. Функционерите на СДСМ наместо да ја решаваат кризата во која сме поради нивната неспособност, се ставени во улога на портпароли за собирање на ситни политички поени. Граѓаните знаат што треба и што не треба да прават, тоа веќе го кажаа докторите. Од функционерите на власта очекуваат мерки и проекти кои ќе помогнат безболно да се надмине кризата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека „наместо помош од СДСМ гледаме само безидејни пресконференции, да се каже нешто колку да се каже“.

-Доколку власта не знае што треба да прави, а очигледно е дека не знае, доволно е само да ја тргне на страна својата суета и да ги прифати предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.

 

Коронавирус