вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 98
Во живо

Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

ВМРО-ДПМНЕ до Министерство за здравство: Наместо да го штитите Заев, одговорете на овие прашања

ВМРО-ДПМНЕ до Министерство за здравство: Наместо да го штитите Заев, одговорете на овие прашања

Од ВРО-ДПМНЕ порачуваат: Министерството за здравство наместо да дејствува како политичка испостава за заштита на неспособноста на Заев и Филипче да одговори на овие прашања.

1. Ако докторите се заштитени тогаш зошто се случи хаварија со заразата на медицинскиот персонал во Куманово, Охрид, Детска болница Козле, Дебар, Клиника за кардиологија…

2. Како се случи Заев да каже дека е донесена одлука за набавка на респиратори, а Филипче денес да најави дека ќе набавува. Дали пред време е донесена одлука кој да го добие милионскиот тендер?

3. Како се случува приватните болници да имаат поголем број на откриени новозаразени случаи од јавното и со поевтини тестови?

-На крај, критиката базирана на факти не можете да ја забраните, порачуваат од партијата.

Коронавирус