недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 73
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Струга и Ресен, СДСМ во Чаир и Кисела Вода

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Струга и Ресен, СДСМ во Чаир и Кисела Вода

Партиите денеска продолжуваат со предизборните активности во рамки на изборната кампања за Локалните избори.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе се сретне со жителите на Вевчани, Дебарца, Струга и Ресен. Активностите на партијата започнуваат од 16:30 часот.

Од СДСМ најавија дека денеска нивниот караван „Најдоброто“ е во скопските општини Чаир и Кисела Вода по што ќе следува предизборна конвенција на кандидатот за градоначалник и листата за советници за Град Скопје во Петровец.

ДУИ кампањата ја продолжува во Тетово.

 

Локални избори 2021