среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 5
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја започна својата „Обнова на Македонија“- преполни штабови во Радовиш, Демир хисар, Крушево и Кратово… (ФОТО)

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја започна својата „Обнова на Македонија“- преполни штабови во Радовиш, Демир хисар, Крушево и Кратово… (ФОТО)

ВМРО-ДПМНЕ денеска во рамки на својата теренска посета и средби со граѓаните под мотото „Обнова на Македонија“ ги отвори вратите во своите општински комитети ширум земјава за да ги запознае граѓаните со нивните идни планови на партијата.

Граѓаните и членовите на партијата денеска во општинските комитети во Кратово, Демир Хисар, Крушево, Тетово, Радовиш и многу други градови низ земјава се запознаваа со идните планови на партијата, но тие имаа можност да се пожалат за се што оваа влада го вети, а не го исполни во нивните населени места.

Според фотографиите масовно беше во сите општински комитети.

Радовиш

Демир Хисар

Кратово 

Крушево

Тетово

Денеска голем број на членови, симпатизери и граѓани вечерва и во Општинскиот комитет Гази Баба на отворениот ден.
ВМРО-ДПМНЕ започнува дијалог со граѓаните за идната Обнова на Македонија!

Берово

Пехчево

Цветан Трипуновски денеска пак беше во Струмица од каде сподели статус и фотографии.

-Денес бев на отворен ден во Струмица и разговаравме за секојдневните проблеми со кои се соочуваат луѓето во Струмица и генерално во Македонија. Имавме исклучително корекна и полезна дискусија и добри и корисни предлози за новата програма на Вмро-Дпмне.
#ОбноваНаМакедонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Активности во својот штаб денеска имаа и активистите од Крива Паланка.

-Во рамките на Отворените денови на штабот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка, денеска беа одржани состаноци со ОК на Унијата на жени и Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка во проширен состав, каде меѓу останатото беа разгледувани предлозите, идеите и проблемите кои ги доставуваат граѓаните на Крива Паланка, а кои ќе се најдат во идната програма на ВМРО-ДПМНЕ за Обнова на Македонија! 🇲🇰

#ОбноваНаМакедонија
#ПредвремениПарламентарниИзбори, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Преполн штаб вечерва имаше и во Штип.

-Опустошената Македонија имаме обврска да ја обновиме! Денес во Штип, заедно со потсекретарот Игор Коруновски и организациониот секретар Иван Иванов ја започнавме акцијата за #ОбноваНаМакедонија. Народот ја препознава нашата искрена намера и затоа дава голема поддршка. Имаме обврска пред сегашните и идните генерации да ја направиме Македонија достоинствена земја. Да ја избавиме од сегашното сивило и да донесеме новс посветла иднина. Во тоа заедно ќе успееме. #Обновата штотуку започна, приклучи се и ти! За тебе, за Македонија! 🇲🇰, стои во статусот на Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.