четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 15
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ демантира дека некој од обезбедувањето на Груевски ги нарачал настаните на 27 април

ВМРО-ДПМНЕ демантира дека некој од обезбедувањето на Груевски ги нарачал настаните на 27 април

ВМРО ДПМНЕ ги демантира информациите лиферувани во одредени медиуми блиски до власта дека наводно човек од обезбедувањето на Никола Груевски дал наредба за активности поврзани со настаните на 27 април. Тоа е комплетно неточно. Ниту има таква работа, ниту пак тоа го пишува во обвинителниот акт кој го има поднесено обвинителството. Против посоченото лице не е покренато некакво обвинение, што значи дека се работи за вешто спакувана лага со цел да се манипулира јавноста, велат од партијата.

-Скандалозно е што во јавноста протече цел обвинителен акт, при што на одговорност треба да се повика Претседателот на Судот Иван Џолев. На СДСМ сега му треба одвлекување на вниманието од криминалите на Зоран Заев и тоа се испорачува преку оркестиран напад против ВМРО-ДПМНЕ. Случувањата од 27 април се реакција на нелегитмната и нелегалната акција која ја спроведе СДСМ, Зоран Заев и Талат Џафери, сти во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус