понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Датум за почеток на преговори ќе нема затоа што на власт и е поважен криминалот, отколку проектите

ВМРО-ДПМНЕ: Датум за почеток на преговори ќе нема затоа што на власт и е поважен криминалот, отколку проектите

Министерката за труд и социјала призна милионски скандал со фондот за Пиом, одговорност немаше од никого.  Десетици млади и стари починаа во епидемиите на грип и сипаници, додека министерот си делеше крвави тендери, одговорност немаше. Гореа документи во министерството за правда, се напаѓаа притворени лица, одговорност немаше, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Криминално се делеа субвенции преку Фондот за иновации тешки милиони евра, одговорност немаше. Се вработуваа синови, ќерки, љубовници, мајки, браќа и сестри по огласи кои беа распишани само за нив, одговорност немаше. Пратеници кои одлучуваат за суштински прашања нарачуваат наркотици по телефон, одговорност нема. Долгот расне, граѓаните се повеќе осиромашуваат, одговорност нема од министерот за финансии. Македонија тоне на листата за корупција, а Заев и Анѓушев си делат тендери и нормално одговорност нема, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека сето ова неодговорно и криминално владеење го гледаат меѓународните претставници и сосема очекувано, како што нема одговорност ќе нема ниту датум за преговори во јуни.

-Датум за почеток на преговори ќе нема затоа што на власт и е поважен криминалот, отколку проектите. Две години граѓаните не видоа ништо од најавените 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта. Администрацијата се партизира, а судството политизира. Реформи нема. Без реформи, без проекти и инвестиции државата не може да тргне напред. СДСМ мора да си замине, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус