среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 52
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Дали состојбите со ископ на јаглен во РЕК Битола се алармантни?!

ВМРО-ДПМНЕ: Дали состојбите со ископ на јаглен во РЕК Битола се алармантни?!

ДАЛИ СОСТОЈБИТЕ СО ИСКОП НА ЈАГЛЕН ВО РЕК БИТОЛА СЕ АЛАРМАНТНИ?!

Најголемиот производител на електрична енергија во земјата деновиве е пред колапс. Имено, поради непланско, недомаќинско и нестручно работење , состојбата со депонијата во РЕК Битола е алармантна.

Дознаваме дека на депонијата во термоелектрана Битола има резерви на јаглен од помалку од 50.000 тони. Во моментов во погон се само два блока, третиот се чува како резерва, а во суштина нема јаглен.

Ваквата резерва на јаглен, со два блока во погон, значи дека РЕК Битола би престанала со работа за неколку , бидејќи троши околу 12.000 тони јаглен на ден ( со работа на два блока).

Покренат е аларм во РЕК Битола и сите се во паника и на работа во рудникот во Битола поради оваа критична состојба.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ во зимскиот период депонијата на јаглен во ТЕ Битола во овој период била секогаш на ниво од 250.000 до 350.000 тони и резерва на работа со три блока за петнаесет дена.
Сега, во време на СДСМ, депонијата има едвај 50.000 тони јаглен, што со работа на двата блока РЕК Битола би работела само за два до три дена. Ваквата состојба е алармантна за производител како РЕК Битола.

Дополнително, хидроакумулациите се речиси празни и не се во состојба да ги заменат термоблоковите на РЕК Битола.

Во текот на наредните денови се очекува намалување на дневни температура до – 100 степени целзиусови, што драстично ќе ја зголеми потрошувачката на електрична енергија, а бидејќи состојбата со јагелн е критична, неопходно ќе биде набавка на електрична енергија од скап увоз.

Затоа го прашуваме раководството на АД ЕСМ:

Дали е точно дека депонијата на јаглен е речиси празна со што РЕК Битола во следните два до три дена ќе престане со работа или повторно “планирано“ ќе се исклучи поради превентивно одржување во екот на зимска сезона за сметка на увоз на скапа енергија?
Колкави се резервите на депонијата на јаглен во ТЕЦ Битола ?
Дали денешните резерви на јаглен во ТЕ Битола на депонија се само 50.000 тони и кој ќе сноси одговорност за оваа состојба?
Зошто нема ископ на јаловина и откривка на јаглен од ПЈС (Подинска јагленова серија) во рудник Суводол?
Зошто е покренат највисок степен на аларм во Рудници Битола и практично воведена вонредна состојба?
Зошто се продаваше електрична енергија во летните месеци по евтина цена и се испразнија хидроакумулациите?
Зошто се дозволи во моментов хидроакумулациите да бидат речиси празни ?
Дали е сето ова планирано за да се купува скапа струја од увоз во наредниот период?

Оваа состојба навистина не значи “блескање“ во енергетиката, како што се обидува да не убеди власта на заминување.Ова е само потврда дека актуелното раководство на најважниот енергетски капацитет – Електрани на Македонија нема ниту основни познавања, ниту капацитет да го води енергетскиот систем во интерес на граѓаните на Република Македонија. Можеби се заинтересирани само за нивниот приватен интерес?!

По 12 април оваа состојба значително ќе се промени, приватниот интерес ќе се замени со јавниот, а оние кои ја доведоа енргетиката во ваква состојба, ќе одговараат за тоа, се вели во Фејсбук статусот на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус