петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 74
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Дали со парите од Рекет е финансирана кампањата на СДСМ и Стево Пендаровски!?

ВМРО-ДПМНЕ: Дали со парите од Рекет е финансирана кампањата на СДСМ и Стево Пендаровски!?

Власта и Русковска ја развлекуваат постапката за Рекет. Шест месеци откако е пријавен случајот се уште немаме одговори, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде прашуваат:

– Каде завршила ташната Луј Витон со 1.5 милиони евра!?

– Дали со парите од Рекет е финансирана кампањата на СДСМ и Стево Пендаровски!?

– Колку бизнисмени биле жртва на Рекет!?

– Колку вкупно пари биле изрекетирани!?

-Исказот на сведокот и жртвата во текот на вчерашниот ден само потврдува дека некој од власт ја заташкува истрагата. Јавноста е збунета, а власта нешто крие. Што барал министерот за здрваство Венко Филипче на една од средбите помеѓу рекетарот Боки 13 и жртвата!? Зарем Филипче мисли дека јавноста му верува на исказот дека со шоуменот Боки 13  разговарале за болници. Катица Јанева не земала 50.000 евра, туку 350.000 евра. Со тоа и противправната имотна корист, а и тежината на делото се зголемува. Обвинението кон неа треба да се преформулира, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ и подвлекуваат:

„Ташната Луј Витон патувала на повеќе локации. И очигледно повеќе лица се стекнале со противправна имотна корист. Кои се тие!? И зошто до сега не биле опфатени со истрагата!? Русковска бега од вистината. Затоа не сака да истражи каде заминала ташната и каде се патувала. Русковска ја влече истрагата затоа што знае дека зад Рекет стои врвот на власт, без кој милионски рекет во толкав временски период воопшто не би бил возможен.  Граѓаните очекуваат ефикасна и ефективна разрешница на Рекет.“

Коронавирус