четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Дали ЈО од Струмица сакало да ја забошоти истрагата за убиството на младото момче од Ново Село затоа што трагите водат до структури блиски до власта?!

ВМРО-ДПМНЕ: Дали ЈО од Струмица сакало да ја забошоти истрагата за убиството на младото момче од Ново Село затоа што трагите водат до структури блиски до власта?!

Дали ЈО од Струмица сакало да ја забошоти истрагата за убиството на младото момче од Ново Село затоа што трагите водат до структури блиски до власта?!, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека со денови власта молчи, и повторно се обидува да забошоти убиство.

-Според информациите кои излегоа во медиумите, дури ЈО кој излегол на терен, извесен Златко Иванов, констатирал дека обдукцијата врз телото на убиеното момче била вршена нереално, односно било манипулирано со трагите од насилство. Но случајот тука завршил. Зошто и дали некој наредил во Судска медицина да биде изготвен таков извештај со цел случајот да се затвори како несреќа? Целиот случај е воден со големи пропусти. И индицира дека буквално се внимавало да не се дојде до некој, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е втор случај во кој власта се обидува да прикрива убиство, како што беше случајот со убиството на ракометарот Тот. Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада.

Коронавирус