недела, 16. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковска да си поднесе оставка, нема кредибилитет да оценува судии

ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковска да си поднесе оставка, нема кредибилитет да оценува судии

Павлина Црвенковска треба да си поднесе оставка, таа нема кредибилитет да оценува судии. Нејзиниот интегритет е нарушен, велат во партиското соопштение ос ВМРО-ДПМНЕ.

Сопругот на Црвенковска земал кредит во висина од 1.7 милиони евра, со покритие од само 400.000 евра, објавија оштетените штедачи од Еуростандард банка. Тој исто како и Заеви и нивните партнери не го вратил кредитот.

Црвенковска покрај тоа што е поврзана со Еуростандард исто како Заеви, таа била и функционер на СДСМ долги години.

Црвенковска нема ниту еден ден судиски стаж, а треба да оценува судии. Каде плови овој брод?!

Црвенковска да си поднесе оставка. Никој нема да верува во нејзината непристрасност, и ќе ја девалвира институцијата во целост, се вели восоопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус