сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 39
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Црни рекорди и пандемија, а Заев и Филипче тераа граѓани кои се корона позитивни да гласаат

ВМРО-ДПМНЕ: Црни рекорди и пандемија, а Заев и Филипче тераа граѓани кои се корона позитивни да гласаат

За Филипче „се е под контрола“ значи да се одржуваат локални избори во Штип за градоначалник каде само за деновите на гласање има стотина новозаболени од корона, град каде од стартот на кампања на 21 ноември секој ден има најмалку по 20-30 новозаболени од корона, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

За Филипче се е под контрола значи во град со 500 активни случаи да се одржуваат избори и тоа за градоначалнички мандат кој е еднаков на технички зошто станува збор за функција која ќе се врши само осум – девет месеци.
За функција од неколку месеци ли премиерот во заминување Заев со неговиот Филипче го доведува во прашање здравјето на граѓаните?!

Очигледно е дека приоритет на премиерот во заминување Заев и на неговиот Филипче се единствено личните и партиски интереси, а не здравјето на граѓаните.

На самиот ден на гласањето се појавија лица позитивни на корона! Вас мува не ве лази! Си терате со партиските агенди! Дополнително граѓаните велат и пари сте делеле за да гласаат!

Цената на неодговорното однесување на Заев и Филипче од овие избори допрва ќе се види, неделава што е пред нас.
Граѓаните не можат да се добијат основна медицинска грижа, нема ништо, лекови, опрема, соодветни услови. Секако и медицински лица чиј број на заболени и починати од ден на ден се зголемува.

Доста со политиката личните и партиските интереси, пред се и над се!

Одговорност мора да има!

Затоа оставки сега, за да не биде предоцна! Граѓаните со Заев и Филипче само губат и плаќаат многу висока цена!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус