четврток, 22. април 2021. Вести денес: 102
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Човековите права се газат, хунтата се изживува со секој еден кој има различен став- ова мора да запре

ВМРО-ДПМНЕ: Човековите права се газат, хунтата се изживува со секој еден кој има различен став- ова мора да запре

Десетици патриоти неправедно се гонети за измислено дело тероризам. Десетици патриоти без никаква основа се фрлени во притвор каде хунтата се изживува врз нив газејќи ги човековите права и достоинството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Истекуваат 30 – те дена од изречениот притвор. Не постои никаква законска основа притворот да биде продолжен. Секоја друга одлука ќе биде политичка нарачка на Зоран Заев во функција на заплашување на оние кои мислат гласно да говорат и да изразат несогласување со неговите антидржавни политики. Светските медиуми веќе пишуваат за бруталноста на хунтата која не почитува ни право ни правичност. Германските медиуми пренесуваат за политичкиот прогон на оперскиот великан Игор Дурловски, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Медиумите од Германија пишуваат за политичкиот прогон, репресивноста и реваншизмот кој се врши во Македонија под капата на хунтата. Хунтата со методите на политички прогон не ја носи државата кон ЕУ, туку ја оддалечува, ја урива демократијата и го уништува владеењето на правото“.

Човековите права се газат, се вели во соопштението, а хунтата се изживува со секој еден кој има различен став и ова мора да запре.

-ВМРО-ДПМНЕ бара:

  1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.
  2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.
  3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

Хунтата мора да знае дека одговорност за ова незаконие и политички прогон ќе има. Република Македонија мора да биде демократска и слободна држава, со цврсто вкоренет принцип на владеење на правото ВМРО-ДПМНЕ тоа го гарантира, велат од партијата.

Коронавирус