четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот за 2021 власта го скрои за нивно луксузирање, а народот го остави сам да се справува со епидемијата и последиците од неа

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот за 2021 власта го скрои за нивно луксузирање, а народот го остави сам да се справува со епидемијата и последиците од неа

Предлог Буџетот за 2021 година е најголемиот, а истовремено неодржлив и без никаков развоен концепт. Тој е гаранција дека Македонија уште повеќе ќе тоне во сиромаштија. Патем буџетскиот дефицит се очекува да изнесува над 530 милиони евра, што значи дека ќе живееме на вересија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата нa Даниела Колева од СДСМ.

Износот на капиталните инвестиции е намален за 13 милиони евра во споредба со буџетот од 2020 година, што покажува дека оваа неспособна власт нема намера да направи ништо и оваа година, како и претходните години наназад. Патем се покажаа исклучително неодговорни, па и овие суми кои сега ги зацртуваат се сомневаме дека ќе успеат барем половина да ги реализираат.

Дополнително ставките на непродуктивни трошења наместо да се намалуваат во време на криза, тие или ги задржуваат или ги зголемуваат. Па така дури граѓаните се разболуваат или умираат од ковид вирусот, власта на премиерот во заминување Зоран Заев ќе продолжи да троши за возила, мебел, шкампи, ф`стаци или партиски вработувања.

Со други зборови, дури власта продолжува да се луксузира, граѓаните и понатаму ќе поминуваат ден со 50-тина денари.

А бидејќи СДСМ сака да ги потенцира наводни приоритети во здравството, јавноста, опозицијата и граѓаните не гледаат апсолутно никаква активност на власта во тој правец. И покрај високите задолжувања буџетот на Министерството за здравство за 2021 година ќе биде помал за 4,68% спореден со претходно. Исто така ги скратија и средствата за новиот клинички центар и клиничката болница во Штип, што значи дека и оваа година нема ништо од овие капитални инвестиции во здравството.

Да сакаа нешто да направат владејачкото мнозинство ќе ги прифатеа амандманите со кои се предвидуваа средства за набавка на 50 амбулантни возила или за обезбедување на средства за бесплатни ковид тестови за граѓаните. Вака граѓаните остануваат сами да се справуваат со епидемијата, дури функционерите се привилегирани и се тестираат експресно и бесплатно или се лекуваат на државен трошок во јавното здравје, дури народот плаќа на приватно, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус