петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Богдановиќ станал гостин, откако беше фатен на лице место како крши закони и полициски час, што е дупло кршење на законите

ВМРО-ДПМНЕ: Богдановиќ станал гостин, откако беше фатен на лице место како крши закони и полициски час, што е дупло кршење на законите

Богдановиќ станал гостин, откако беше фатен на лице место како крши закони и полициски час, се вели во партиското соопштение испратено од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Оправдувањата на Саша Богдановиќ за кршење на закони и полициски час се неоправдани. Играчот Аска уште пред неколку дена е дојден во Скопје, а на 17-ти април настапил и на мечот во СРЦ Кале против Гостивар каде го има во официјалната статистика. Оттука неиздржани се оправдувањата. Дополнително не е и не може да биде оправдување седењето во кафеана во полициски час, која е отворена специјално за него, работи само за него, и келнерите служат само за него, истакнуваат од опозицијата.

Однесувањето на Богдановиќ е показател за целата аздисаност на СДСМ и е само продолжување на низата по возењето мотори на Заев и Филипче додека народ умира, летањето со хеликоптер, додека за народот нема ни болничко возило. Ова е забеганост од реалноста, која народот ја гледа и ќе ја казни, додаваат од таму.

Коронавирус