недела, 27. септември 2020. Вести денес: 23
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Беслимовски се крие од народните избраници

ВМРО-ДПМНЕ: Беслимовски се крие од народните избраници

Слугата на мафијата, Марко Беслимоски не ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Регулаторната комисија за енергетика. Ваквиот потег на Беслимоски е невиден преседан, да народни избраници кои се избрани преку волјата на народот не бидат примени во државна институција и да поднесат барање.
Иако ВМРО-ДПМНЕ има уредни барања до регулаторна комисија, сепак наиде на затворени врати и не се дозволи истите да бидат примени во институцијата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Првото барање е враќање на старата цена на струјата, што значи поевтина струја за народот и второто е професионализација на комисијата односно оставка на претседателот на Комисијата Марко Беслимоски и членовите кои функционираат како продолжена рака на владата. ВМРО-ДПМНЕ бара поевтина струја затоа што во Македонија владее голема сиромаштија, а над 100.000 граѓани живеат со 50 денари дневно, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие посочуваат дека Беслимовски наместо да му служи на народот, тој му слугува на Заев, а го кодоши сопствениот народ. Заев и Беслимовски во штабот на СДСМ ја креираат цената на струјата со која го осиромашуваат народот и го газат неговото достоинство. Партиска инсталација како Беслимовски не може да раководи тело кое треба да биде независно и затоа мора да биде сменет. ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од своите намери, ова не е битка само на ВМРО-ДПМНЕ, ова е битка на сите граѓани на Република Македонија.с

Коронавирус