петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Бараме Шилегов јавно да се извини за изнесените навреди и говор на омраза, во спротивно ќе бидат преземени сите законски мерки

ВМРО-ДПМНЕ: Бараме Шилегов јавно да се извини за изнесените навреди и говор на омраза, во спротивно ќе бидат преземени сите законски мерки

Нивото на политичка комуникација и начинот на кој што Шилегов настапува во јавноста е срамен и недоличен. Неговите испади и неможноста да се контролира не може да се оправдаат со нервозата, личната некултура и вулгарноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Згрозени од неговите настапи, бараме Петре Шилегов јавно да се извини за изнесените навреди и говор на омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Во спротивно ќе бидат преземени сите законски мерки за санкционирање на неговото однесување. Ваквиот примитивен речник со навреди и говор на омраза не е нов за Шилегов, се вели во партиското соопштение и се додава:

„Доколку Шилегов е нервозен за слабиот резултат на СДСМ на изборите за кој се виновни и тој и неговиот претседател Заев, тоа може да го каже на Бихаќка. Во јавноста тој е градоначалник и треба да се однесува така. Го охрабруваме Шилегов по оставката од партиската позиција да си даде оставка и од градоначалничката функција, бидејќи Скопјани не се помалку важни од неговата партија“.

Најнови вести

Коронавирус