понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување за навредите и етикетирањата

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување за навредите и етикетирањата

ВМРО-ДПМНЕ бара најитно извинување за навредите и етикетирањата од типот фашисти упатени кон партијата од страна на владиниот заменик министер Оливер Ристовски, искажани во една емисија на телевизија со национална фреквенција, се вели во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат Заев да го разреши од позицијата во Владата, а во спротивно ќе докаже дека директно тој стои зад ваквиот говор на омраза.

-Стравот од пораз ги прави нервозни. Очигледно е дека СДСМ во недостаток на аргументи и исплашени од пораз се во паника. Недозволиво е нивниот страв од неминовниот пораз на 12 април да го прикриваат со најразлични лаги и манипулации, како и да шират клевети само поради тоа што знаат дека за неколку месеци нема да бидат власт, се наведува во соопштението.